Српската фолкерка, атрактивната Катарина Грујиќ по незгодата со труењето што и се случи откако веччераше во еден рибен ресторан додека беше на одмор, и се врати на музиката.
Згодната пејачка ја заврши својата летна турнеја на црногорското приморје со настап во дискотека во Будва.
Стегната во црно, летно мини фустанче, со длабоко деколте и гол грб со голема тетоважа, со полни усни филери, силконски гради, разголени нозе и турбофолк трилери, Каќа го распосла сиот свој сексапил во преполната дискотека, која во еден глас ги пееше нејзините хитови.
Кој малку, кој малку повеќе алкохол, раце горе и… Пиј, пеј, играј, мешај се’ до зори песна нека се ори!
Очигледно привлечната Каќа знае како и каде да ги гаѓа оние кои ја сакаат и нејзе и нејзините песни. Останатото е само за мелем на душа и плакнење очи во долгите пијани ноќи – за публиката и нова тура кеш – за пејачката! И секако, понекое селфи за спомен и долго сеќавање… и добар Пи-Ар на социјалните мрежи!