Атрактивната пејачка Катарина Грујиќ го прослави својот 28 роденден.
Катарина ги собра најблискиот круг на пријател и како што истакна нема потреба никој да се лути затоа што не прави забава за 100 луѓе туку за оние со кои се дружи секојдневно.
Дефинитивно подарок кој го одбележа нејзиниот роденден е стан од 225 000 евра кој го доби на подарок од нејзините родители, пренесува ало.рс
Откако неодамна го посетиле Ѓани, родителите на Каќа одлучиле да и купат стан во оваа елитна населба, па веднаш дале капар за стан од 90 квадрати.
„Има дневна и три спални соби. Најмногу им се допаѓа балконот на кој може да се излезе од дневната и од едната спална соба“.
Српските медиуми пренесуваат кога Каќа ја пресекла тортата, нејзиниот татко и ги дал клучевите од станот и рекол дека може веднаш да се пресели.
По овој повод се огласи и Катарина која изјави:
„Искрено, не сакам да зборувам за тој дел од приватниот живот. Кога ќе ги имам документите ќе ве известам“ вели пејачката за ало.рс