Една од поуспешните млади српски пејачки, Катарина Грујиќ, неодамна мораше да го посети главниот град на Франција поради професионални обврски.
Имено, Катарина остана во Париз за снимањето на нов спот за песната “Bonjour”, а паузата од обврските ја потроши во шопинг.
View this post on Instagram
Како што дознава српски Блиц, Катарина посетила брендирана продавница, но останала во шок кога одеднаш била речиси заробена меѓу полиците.
– Додека купуваше во својата омилена продавница, виде голем број обезбедување околу русокоса жена. Во првиот момент, таа не можеше да види кој е тоа. Додека ситуацијата се одвиваше, таа сфати дека тоа е актерката Шарлиз Терон, која купува во истата продавница, што ја остави пејачкта во шок во првиот момент. Тогаш еден од обезбедувањето ѝ рече дека Шарлиз купува подарок. Додека во исто време Катарина купи чевли за својата сестра – открива изворот што бил на самото место.
View this post on Instagram
Српските новинари од порталот се обиделе да стапат е во контакт со пејачката, но Катарина не одговорила на повиците. Меѓутоа, кога ѝ пратиле смс со прашање: како се чувствувала во близина на “Атомската русокоса”, таа напишала:
“Нема потреба да зборувам за тоа, тоа беше убава средба за мене”, вели Катарина за Блиц.