Српската пејачка Катарина Грујиќ е веќе неколку месеци во врска со извесен Коста од Црна Гора, момче за кое се знае дека изнајмува јахти и бродови.

И покрај тоа што таа се обиде да ја скрие новата врска, како што љубовта станува се посилна, Коста е се повеќе изложен на притисок од социјалните мрежи.

Каќа објавила селфи од креветот каде што нејзиното момче е полуголо, но на сите им остана погледот на неговата рака, поточно на тетоважата со нејзиното име.

„Во периодот од раѓањето до смртта, најважно е да најдете неко,ј кому можете да му ја отворите својата душа. Да му ги кажете своите чувства, без страв дека ќе бидете погрешно разбрани. Некој кому дури и така несовршен – ќе му бидеш најдобар и најдраг. Некој на кого можеш да сметаш и кога тонеш и кога леташ! Впрочем, не е поентата да станеш милионер. Поентата е да си најдеш сродна душа“ – напишала Каќа покрај фотографијата.