Иако моментално нема среќа во љубовта, пејачката Катарина грујиќ го слави Денот на вљубените бидејќи вербата во искрените емоции не ги изгубила.
-Во секоја емотивна врска влгував максимално посветена и целосно се предавав. Никогаш не почнував со некаква предрасуда што сакам да добијам од таа врска. Се случуваше повеќе мажи да профитираат од мене. Како минуваат годините, новите запознавања и врски претставуваат нов предизвик, но и повеќе заморуваат. Сценариото е секогаш исто, само што улогите се поинаку поделени. Не ја изгубив вербата во љубовта, но станав многу внимателна кога е во прашање избор на партнерот. Не сакам да избрзувам, не сакам да бидам ничија кукла, како што се пее во мојата песна.
View this post on Instagram
Зошто не сакаш да коменираш за врската со Огњен Врањеш?
-Што сакате да слушнете на таа тема? Минатото го оставам таму каде што му е местото и не сакам за тоа да зборувам и да ги полнам медиумите.