Радио Милева

Катарина Грујиќ ги прозва колешките од „Ѕвездите на Гранд“: „Јас имав сè, а тие ништо!“

Катарина Грујиќ ги прозва колешките од  „Ѕвездите на Гранд“: „Јас имав сè, а тие ништо!“

Пејачката Катарина Грујиќ потполно отворено и без задршка ги прозва колешките кои покрај неа се прославиле со помош на „Ѕвездите на Гранд“.

-Сметам дека сум најуспашна ѕвезда на „Гранд“ од оваа млада генерација! Не се споредувам со постарите колеги, зад кои има неколкудецениска кариера. Но, верувам дека еден ден ќе можам да кажам дека се децении кариера зад мене. Сигурна сум дека ќе се издвојувам и од сите други, кога ќе дојде тој момент да можам да кажам да сум да речеме 30 години на естрада! Верувам во себе, голем работник сум, туркам напред со својата снага, вели за српски „Скандал“ пејачката и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

-Нема да откривам имиња, за луѓето да не ме сфатат погрешно. Но треба да знаат дека јас од почетокот на кариерата не се променив. Кога се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“ бев највпечатлива. Сите зборуваа за мојот стајлинг. За мојата харизма, мојот сценски настап. Од почетокот јас правев хитови. Не менував жанрови, однесување, стил… Сите други се променија, а јас останав иста. Кога човек ќе се промени, кога во својата глава ќе истрипува дека е голема ѕвезда, тоа луѓето го гледаат. Популарноста ги удри во глава. Не мислам само јас така, луѓето се согласуваат со мене. Зборуваат за тоа кој глуми ѕвезда, кој се променил, а дошол од кој знае каде. Многу одамна зборуваат дека се од Белград, а не се. Јас сум единствена од „Ѕвездите на Гранд“ која е од Белград, вели Катарина додавајќи дека никогаш нема да стане како нејзините колешки:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

-Се менуваат оние кои немаат ништо, а тогаш добија се или многу повеќе. Но јас секогаш имав се. Она што јас го поминав во основно, средно и факултет, тие го минуваат дури сега. Додека јас излегував со најпознатите белградски клубови, тие не знаеја ни дека постојат. Како тогаш да не ги удри во глава?, изјавува Грујиќ.

To top