Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации.
Но, освен музиката, Каролина Гочева е доста активна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е.
Многупати сме пишувале дека ако не беше пејачка, Каролина сигурно ќе беше меѓу најуспешните модели, а тоа постојано го потврдува со перфектните модни фотографии кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи.
Освен тоа постојано остварува нови соработки со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.
Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, полна со грациозност и став.
Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии и тоа за секое годишно време и прилика, а со старот на есента, Каролина замина правец на село, поточно во Јанковец- Преспа каде се изработуваше фотосесија среде овошната бавча со јаболки кои за среќа останале во Преспа по невремето кое ги зафати летово.
Црвени јаболчиња, заби бели бисерчиња и есенски стајлинг прават феноменален спој од кој целта за одлична модна кампања е постигната.