Радио Милева

Каролина се пофали со делата на сопругот: Михаил доби ласкави коментари за својата уметност (фото)

Каролина се пофали со делата на сопругот: Михаил доби ласкави коментари за својата уметност (фото)

Сопругот на Каролина Гочева, уметникот Михаил Корубин, деновиве имаше своја изложба во Националната галерија на Македонија – Мала станица, каде ги изложи своите дела.

Со неговата уметност од сликите со техника масло на платно се пофали и Каролина која на својот профил на Инстаграм од „кусите приказни“ постави фотографија од изложбата.

На својот профил пак, Михаил исто така сподели фотографија од изложбата, а во кадар освен автентичните фотографии е и неговата Каролина која ги гледа.

„Браво“, „Фантастично“, „Секоја чест“, се само мал дел од коментарите кои се најдоа на профилот на македонскиот уметник.

Инаку, насловната од последниот албум на Каролина „Извор“ го има делото токму на Михаил кој за тој повод специјално ја наслика својата сопруга.

фото:инстаграм

 

To top