Радио Милева Спортско, а секси

Каролина Гочева во патики и хеланки: Битолското чупе во опуштено есенско издание низ град (фото)

Каролина Гочева во патики и хеланки: Битолското чупе во опуштено есенско издание низ град (фото)

Летото и летните одмори завршија, а летната облека во нашиот гардеробер ја заменивме за есенски модни парчиња.

Скопје надвор наликува на вистинска есенска идила, со жолти паднати лисја кои му даваат посебен, есенски шарм на градот.

Повеќето македонски јавни личности летото успеаја да се одморат на некоја плажа уживајќи под зраците на сонцето, а некои ја искористија и есената да уживаат некаде во потоплите краеви.

Каролина Гочева уживаше во есента во Скопје, па и родната Битола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Имено, таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во малку поразлично издание досега. Иако сме навикнати македонската пејачка да ја гледаме во елегантни, сценски комбинации, овој пат таа позираше во едно лежерно, есенско спортско издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Имено, Каролина на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај паднатите, пожолтени лисја, а таа е облечена во хеланки, блуза и носи дуксер на раменици во контрастна нежна виолетова. Овој пат, високите потпетици ги замени со патики.

Каролина ретко имаме прилика да ја видиме во вакво опуштено издание, но ќе се согласите дека македонското девојче и вака изгледа супер и има одлична фигура.

Нејзините следбеници и оставаа лајкови, но и позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Есенски стајлинг за есенско расположение во кој изгледа топ.

фото: Принтскрин/инстаграм/каролина гочева/Вангел Тануровски
/Кристиан Христов & Атовски Виктор

To top