Уметноста е нераскинлива нишка во животот и семејството на пејачката Каролина Гочева, а тоа дополнително се зацврсти откако стана сопруга на уметникот и син на македонскиот сликар Рубенс Корубин и дизајнерката Лиле Корубин, Михаил.
Каролина не пропушта ниедна изложба на сопругот, незавино на кој крај на светот се слулчува, а истото е и со Михаил кој пак не пропушта концерт на сопругата. А во големо уметничко смејство, настаните каде ги создаваат или изложуваат своите дела, ги има постојано.
Овој пат, вчеравечер во Чифте Амам во Скопје беше отворена изложбата на свекорот на Каролина, Рубенс, насловена „Ателје, гордоста на сликањето“.
На изложбата беа прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата се поставени и постари дела како дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус.
Каролина не изостана со поддршка и прусуство, а на Инстаграм објави неколку куси „стори“ приказни од делата на Рубенс.
Инаку, „Ателје, радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.