Kaролина Гочева како и повеќето нејзини колеги последната речиси една година нема настапи и најголемиот дел од времето го поминува дома поради пандемијата со коронавирусот.
Пејачката не е нешто претерано актвина на социјалните мрежи, ниту во медиумите откако почна короната.
Таа сега се јави во емисијата „Кец на једанаест“ на К1 телевизија каде што зборуваше за пандемијата, како го поминува времето, се потсети на Тоше, дека би сакала да направи концерт во Белград….
Каролина истакна дека најголемиот дел од времето го поминува дома и дека едвај чека да заврши короната и се веќе да се врати во нормала.
Исто така се потсети на периодот од 2000тите кога заедно со Тоше заедно да настапуваа во Белград, па откри дека тоа било едно од поубавите времиња и тогаш многу повеќе се почитувала квалитетната музика.
На прашањето дали повторно би одела на „Евровизија“, македонското девојче одговори:
„Не верувам дека повторно би учествувала на Евровизија, бев двапати и не би повторно да се изложувам на тој стрес“ изјави Гочева.
Потсетуваме, Каролина двапати ја претставуваше Македонија на „Евровизија“, во 2002 година во Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Финска настапи со песната „Мојот свет, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.