Радио Милева
обновена авантура

Каролина Гочева на летна Јадранска реприза, а во ова одбрано друштво нема простор за мажи (фото)

Каролина Гочева на летна Јадранска реприза, а во ова одбрано друштво нема простор за мажи (фото)

Ако некои не можат да замислат да одат на исто место за летен одмор, други пак се вљубени во една дестинација за која се сигурни дека и следната летна сезона ќе биде нивниот избор.

Пејачката Каролина Гочева е од оние вторите, па така ако минатата 2022 година беше во Италија со сопругот, истото го направи и годинава. Месец август пак, оваа 2023 беше резервиран за уште една реприза во Сплт –Хрватска и тоа повторно со истото одбрано женско друштво како што си вети и минатото лето.

-Уште една Хрватска со мои Јерчиќи…едвај чекам следна година пак! –напиша тогаш Каролина, а така и се случи.

Повторно ги спакува куферите и замина заедно со своите најсанани принцези, внуките Луција и Инес и нивната мајка, односно сестрата Сандра.

Дестинацијата им беше Сплит во Хрватска од каде објави серија фотографии додека се забавуваат шетаат и разгледуваат знаменитости.

Ако нејзините колешки „растурија“ со разголени објави во танга бикини на плажа, Керол така скромна во едноделен костим во виолетова нијанса, без многу провокација од која ќе го потенцитра сексапилот, реши  да објави неколку пози колку да помине да на редот.

Приватната архива сигурно крие многу повеќе, но тоа останува само за оние привилегираните од потесниот круг.

Со полни батерии, Каролина им се враќа на настапите, а веќе утре ќе им пее на своите битолчани.

фото:Инстаграм принтскрин/Каролина Гочева

Останати вести од Радио Милева