Денес (16.10.2020) се наполнуваат 13 години од смртта на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
Тоше почина во 2007 година на пат кон Хрватска, кај местото Нова градишка.
Оттогаш кај неговото семејство, пријатели, колеги, соработници, фанови постои празнина, тага, болка која не поминува.
На денешниот ден, пријателите на Тоше се сеќаваат на него, со емотивни статуси изразувајќи колку недостига во овие тешки времиња.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/13-godini-bez-toshe-makedonija-se-sekjava-na-svojata-najbleskava-dzvezda-na-svojata-muzichka-ikona-na-svojot-angel-foto/
Македонската пејачка Каролина Гочева на својот „Инстаграм“ сподели невидени фотографии со Проески, а во описот напиша:
„Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење.
Засекогаш во нас…13 години без наш Тоше“.
View this post on Instagram
Инаку, Каролина и Тоше го имаат снимено дуетот „Немир“ кој може да го слушнете во продолжение.