Радио Милева

Каролина Гочева и поласка на Антониа Гиговска за настапот во „Пинк ѕвездички – all stars“

Каролина Гочева и поласка на Антониа Гиговска за настапот во „Пинк ѕвездички – all stars“

Младата талентирана пејачка Антониа Гиговска оваа година се натпреварува во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички – all stars“, каде се собрани најдобрите од досегашните сезони на шоуто.

Во последната емисија Антониа уште една блилираше на сцената и ја воодушеви публиката и жирито кое секогаш има само пофалби за неа.

Но пофалбите и комплиментите не застанаа тука, а веруваме дека најдраг од сите на нашата млада надежна ѕвездичка, беше комплиментот од Каролина Гочева, која откако го проследи нејзиниот настап се огласи на своите куси Инстграм приказни.

 

View this post on Instagram

 

Македонијо уживајте ??? “Ако згрешам нека изгорам” Link in bio! @pinkovezvezdiceallstars

A post shared by ANTONIA (@antoniagigovskaa) on

Имено, Каролина објави куса снимка од настапот на Антонија и изведбата на песната „Ако згрешам нека изгорам“, а своето воодушевување од вокалната изведба на Гиговска го срочи во неколку зборови.

„Антониа Гиговска, ти си наш бисер“ и порача Каролина на млaдата пејачка.

Тоа што Антониа пее заедно со најдобрите во ова шоу, како и тоа што нејзините објавени синглови не поминуваат нечујно, ветува дека таа цврсто чекори по патот да стане квалитетна обнова на македонската естрада.

Комплиментот од Каролина пак, доволен мотив да се труди и работи на себе и да стане тоа што сега е Гочева.

To top