Во петок, 12-ти март, со почеток во 19 часот, Македонската опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.
Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.