Во моментот кога помисливме дека веќе видовме се’ од Јелена Карлеуша, таа повторно изненади со нејзиниот стил на облекување, но и со своето скандалозно однесување.
Имено пејачката која изминативе неколку недели ја тресе сцената со расправијата со нејзиниот сопруг Душко, кој по се изгледа се извинил и се смириле со Јелена, таа не престанува да објавува провокативни видеа фотографии на својот Инстаграм профил.
Со провокативното видео со порака: „Не можете да го поднесете овој сјај“ во кое облечена како златна сирена, во костим во кој се’ се проѕира и гледа се пипкаша по гардите и телото додека се шлапкаше во базенот, белградската „мала од скандала“ на многумина им го разубави денот.
View this post on Instagram
И таман мислевме дека некое време ќе ја нема, не минаа ни еден-два дена Карлеуша како да не слушна, па се појави одново разголена. Уште една од нејзината низа провокативни фото-сказни, а на неа русокосата како да е во сцена од филм за возрасни.
На високи потпетици, само во розово сако и под него ништо, како единствени парчиња гардероба кои Јелена ги има на себе, со исплазен јазик за незаборавни еротски моменти и едно селфи, кое пејачката си го направила додека чекала лифт, онака разголена.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar