Сопружниците Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ не се заедно на одмор
Фудбалерот отпатува заедно со своите ќерки Атина и Ника во Дубаи минатата недела, додека Јелена остана во Белград.
Фудбалерот ужива да си игра со своите ќерки и секојдневно објавува фотографии и видеа од одморот на социјалните мрежи.
На објавите јасно се гледа дека Душко е посветен на своите наследнички со кои ужива во Обединетите Арапски Емирати, а тоа би се рекло, за сите пари. И како не, кога престојуваат во еден од најскапите хотели, каде ноќевање со појадок чини околу 500 евра.
“За Душко на прво место се ќерките. Тој е совршен татко и прави сè за да имаат убаво и среќно детство. Што се однесува до Јелена, таа не замина со нив. на Душко тоа и не му беше толку важно, бидејќи сака да биде со девојчињата затоа што не се заедно секој ден заради неговиот ангажман во Кина, па реши да го земе овој одмор и да замине на одмор со Атина и Ника, двете ги сакаат сонцето и морето, па затоа тој лесно се реши да ги однесе во Дубаи среде зима. Пред два месеци тој резервираше хотел каде што престојува со години кога и да беше таму, вели извор за српски Курир кој е близок до спортистот.
Ова е прв пат брачната двојка да не биде заедно на одмор. Дури и минатата година, тие среде скандалот со Огњен Врањеш беа во Дубаи. Во тоа време, Јелена редовно објавуваше фотографии со сопругот, а сега кажува на пријателите дека не можела да оди на патувањето заради своите обврски во Белград.
„Нивната врска е, колку што знам, сè уште затегната и таа вели дека поради снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ мора да остане во Белград. Таа е во секојдневен контакт со своите ќерки и е воодушевена од тоа како уживаат”, заклучува изворот.