Пејачката Светлана Цеца ражнатовиќ денес се појави во Првиот основен суд на Нов Белград поради судењето со Јелена Карлеуша.
Цеца во судот се појави со својот адвокат, а освен бројните новинарски екипи ја дочекаа и нејзини фанови.
Плишените играчки во нивните раце беа наменети за фолк дивата, а на црвеното срце пишуваше: Te сакам! По судењето пејачката излезе во придружба на адвокатот и не сакала ништо да коментира.
Судењето траело 15 минути, а таа насмеана се фотографираше со фановите.
Следното судење е закажано за 17-ти јануари.