Здравко Чолиќ, најголемиот заводник од просториите на поранешна Југославија, бил заљубен до уши во покојната Дивна Карлеуша, мајката на поп пејачката Јелена Карлеуша.
Како што пренесуваат медиумите од соседството, Дивна во младоста му го скршила срцето на Чола. За нивната неуспешна љубов најголемиот виновник била мајката на Дивна, Дара. Таа не сакала ни да чуе нејзината постара ќерка да се забавува со Чола, кој во тоа време важел за најголемиот шармер. Дивна била негова најголема љубов, а ако госпоѓа Дара не се противела на нивната љубов, којзнае што би се случило со нив.
На српската естрада веќе со години се зборува дека Дивна и Чола биле во страствена врска. Меѓутоа, извор на српски медиуми близок до Дивна, кој е прилично упатен во нејзиниот љубовен живот, вели дека помеѓу нив двајца постоеле симпатии, но романсата не се остварила.
„Знаеме дека се зборува дека Дивна била во врска со Чола, но тоа не е вистина. Точно е само дека тој отишол на вратата од станот во кој таа живеела во Нов Белград да ја праша нејзината мајка
Дара дали Дивна може да ја однесе на состанок. Затоа што таа била многу строга, а Дивна се уште средношколка, Дара не дозволила“ – вели изворот.
Во тоа време, Дивна важела за една од најубавите девојки во Белград и за неа се интересирале многу мажи.
Сепак, еден од нив бил по желба на нејзината мајка – Драган Карлеуша, во тоа време тапанар на групата Проарте, подоцна полициски началник и висок функционер во српската државната безбедност. За него се омажила на 19 години и ја родила Јелена.
А лесно можеше денес се’ да биде поинаку и јелена наместо Карлеуша, да се презива Чолиќ!? Па уште ако од него го наследеше и талентот за пеење…?!