Радио Милева сакаше да биде вицкаста

Карла Бруни се исмеваше со коронавирусот, па откако медиумите ја „распнаа“, „си ја свитка опашката“ и се извини (ВИДЕО)

Карла Бруни се исмеваше со коронавирусот, па откако медиумите ја „распнаа“, „си ја свитка опашката“ и се извини (ВИДЕО)

Бившата манекенка Карла Бруни (52), сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози (65), ја налути јавноста со изјави за коронавирусот. Додека многу нејзини колеги им кажуваат на своите следбеници на социјалните мрежи да бидат внимателни и да се однесуваат одговорно кон вирусот, Карла на снимката што излезе во јавноста рече дека не ѝ е грижа.

На видеото е прикажана средбата на Карла со претседателот на модната група LVMH, Сидни Толедан (68).

„Секако дека ќе се бакнеме, не сме глупави. Ние сме стара генерација која не се плаши од ништо. Ние не сме феминистки и сигурно не се плашиме од коронавирусот“, му рече Карла на Толедан. По таа изјава, Карла глумела кашлање.

Ова видео го пренесе француската телевизија по што јавноста почна да ја критикува поранешната прва дама иако снимката е направена пред ситуацијата да се влоши и да се рашири коронавирусот.

Карла потоа се појави на социјалните мрежи поради скандалот.

„Сакам да им се извинам на сите што го видоа видеото и беа шокирани од содржината. Сакам да појаснам дека тоа не ги одразува моите вистински чувства. Понекогаш се шегуваме за тоа и излегува невкусно иако сакавме да ги забавуваме присиутните и да направиме шоу“, напиша Карла на социјалните мрежи.

To top