Радио Милева радосни вести

Карди Би на несекојдневен начин објави дека е бремена (фото)

Карди Би на несекојдневен начин објави дека е бремена (фото)

Светски познатата раперка Карди Би на доделувањето на „БЕТ“ наградите објави дека е бремена.

Придружувајќи се на групата „Мигос“ чиј член е нејзиниот сопруг, таа го покажа својот стомак носејќи комплет со светки и специјален изрез на стомакот.

Објавата за бременоста на раперката беше добро смислена. Имено, кога таа излезе на сцената,  пристигна соопштение за јавност.

Исто така, на социјалните мрежи таа објави фотографија на која позира гола, покриена со некој вид на фарба која го нагласува нејзиниот труднички стомак.

фото: Инстаграм

Соопштението за јавноста гласеше:

„Излегувајќи на сцената во удобно модно парче облека на „Долче и Габана“, Карди го покажа својот труднички стомак кога ја објави оваа прекрасна вест со сопругот“.

Карди на доделувањето освои пет награди: две за најдобар хип – хоп изведувач,за најдобра соработка, посебна награда од гледачите и две награди за видео на годината.

To top