Мегафон губитнички лауреат

Каракачанов го начекаа во тесно: Краси доби „Златен твор“ – награда за лузер на годината (ВИДЕО)

Каракачанов го начекаа во тесно: Краси доби „Златен твор“ – награда за лузер на годината (ВИДЕО)

Не се сите Бугари полакомени по Македонија. Очигледно има многу други што размислуваат поинаку од сега веќе бившиот министер за одбрана и парламентарец Красимир Кракачанов, кој никако да сфати дека ние и тие не сме „исти като с’шти“-от народ!

Имено, како што е познато партијата на Каракачанов со предзнак ВМРО, не успеа да го собере ниту потребниот цензус од 4,1 отсто од гласовите на тукушто завршените парламеннтарни избори во Република Бугарија. Со едвај освоени 3,64 или 3,65 % Каракачанов повеќе не може ниту самиот тој, ниту некој од неговата партија да биде пратеник во новото бугарско собрание. И покрај скапата рекламна кампања и бугарштината на сметка на македонштината која ја прокламираше на сите ѕвона, патриотската формација на војводата број 1 Краси, повеќе нема со макар едно место  45-то Национално бугарско собрание да го краси!

Боби Ваклинов го чекаше во заседа и го начека во тесно лидерот на бугарското ВМРО – Красимир Каракачанов, за да му го врачии заслуженото признание за лузер на годината – „ЗЛАТЕН ТВОР“ за фактот дека неговата партија не ја прескокна бариерата од 4% за влез во парламентот.

Еве како изгледаше моментот кога Каракачанов ја доби наградата „Златен твор“ за лузер на годината од популарниот сајт, Господари.ком:

 

To top