Радио Милева американскиот рапер

Канје Вест предизвика скандал со изјавата дека го сака Хитлер (фото)

Канје Вест предизвика скандал со изјавата дека го сака Хитлер (фото)

Раперот Канје Вест, е сè поодвоен по неодамнешните антисемитски изјави, додаде масло на огнот во четвртокот велејќи дека му се восхитува на Хитлер и нацистите во интервјуто со американскиот водител и теоретичар на заговор.

Во гротескна изведба, уметникот, кој го смени името во Је, со црна маска над главата, зборуваше за гревот, порнографијата и ѓаволот. „Гледам и некои добри работи за Хитлер“, рече раперот во емисијата „Infowars“ на теоретичарот на заговор и екстремно десничар на Алекс Џонс.

„Тој тип (…) измисли автопати, го измисли микрофонот што јас го користам како музичар. Во јавноста не можеме да кажеме дека направил и нешто добро, доста од тоа “, изјави Канје Вест.

Раперот, кој вели дека боледува од биполарно растројство и неодамна навести дека би можел да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, продолжи да провоцира, предизвикувајќи неверување и смеа кај  водителот.

„Уморен сум од етикетирање, секој човек, нуди нешто вредно, особено Хитлер“, истакна тој. „Го сакам Хитлер“.

Канје Вест, кој заглави со контроверзии, беше напуштен од неговите деловни партнери. Така Адидас ја прекина соработката со него на крајот на октомври поради неговите антисемитски изјави.

Му свртеа грб и продавницата за облека Гап и модната куќа Баленсијага. На почетокот на октомври, раперот на парадата во Париз го истакна слоганот „Животите на белите се важни“ врз основа на името на антирасистичкото движење „Животите на црнците се важни“.

Фото:Принтскрин/Инстагарам

To top