Музичкото радио Канал 103 ја најави својата целовечерна роденденска прослава за в петок на платото кај МКЦ со почеток во 18 часот.
Во духот на програмската ориентација на радиото кое ја поддржува и промовира храбрата и независна музичка сцена, богатото фестивалското мени содржи жанровски разновидна понуда со строго контролирано органско потекло.
Настапуваат: LELEE (Словенија), Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев, Lufthansa и Blaž (Словенија).
Фестивалот ќе започне со промоција на „Момент документ“, фото-монографија на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследено со придружна изложба на негови фотографии.
Билетите во строго ограничен број се достапни на билетарницата на МКЦ и на следниот линк.
По интимниот концерт на Крсте Роџевски во Куршумли Ан и редовните „103 средби низ музика“ во клубот Ла Кања, со овој фестивал се заокружува одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години Канал 103.