Написите во светските медиуми не стивнуваат откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија да го напуштат кралството и сите одговорности. Откако пак се појавија информации дека ќе престојуваат во Канада, влијателните канадски медиуми отстапуваат се повеќе простор за тоа дека Хари и Маган не се добредојдени да живеат во познатата пријателска земја, бидејќи тоа е неуставно.
Во острото обраќање, “Globe and Mail” вели дека планот на кралскиот пар да се пресели во земјата на јаворовиот сируп и хокејот, ги крши законите кои ги држи некогашната држава, со кои Британците управувале.
“Како одговор на изненадната најава на нејасниот план на војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и Меган – да се преселат во Канада, а да останат дел од кралското семејство, одговорот на владата требало да биде едноставен и јасен: Не!”, наведува весникот.

“Добредојдени сте да не посетите, но се додека сте високопозиционирани членови на кралското семејство, Канада не може да ви дозволи да останете…Тоа го крши уставот”, се наведува.
“Деликатното и суштинско место на монархијата во нашиот уставен систем, значи дека кралскиот жител – принцот кој е шести во редот за тронот – не е нешто што Канада може да си го дозволи”, се вели.
“Кралскиот живот во оваа земја не се согласува со долгогодишниот природен однос меѓу Канада и Британија и Канада и круната. Ако сте постар член на нашето кралско семејство, оваа држава не може да биде ваш дом”.
Инаку, весникот “Globe and Mail” се печати во петте најголеми градови во Канада и се смета за еден од највлијателните во таа земја.