Радио Милева после осум години

Камерон Дијаз се враќа од пензија: „Виновник“ за тоа е Џејми Фокс (фото)

Камерон Дијаз се враќа од пензија: „Виновник“ за тоа е Џејми Фокс (фото)

Камерон Дијаз ќе се врати од пензија и ќе глуми во претстојната акциона комедија на Нетфликс „Back In Action“ заедно со Џејми Фокс.

Камерон реши да се врати на актерството а „Виновник“ за се е Џејми Фокс, кој и се јавил на актерката на телефон, а во целата акција го вклучил и Том Брејди.

Камерон Дијаз се повлече од актерството пред осум години. Но, еве го нејзиното враќање.

Здраво, Камерон“ – рече Том  Брејди.

– О Боже. Дали е тоа Том Брејди? – праша Камерон Дијаз.

„Разговарав со Џејми (Фокс) и тој ми рече дека ти треба совет како да се вратиш од пензија“- рече Том Брејди.

– Хахаха – се насмеа Камерон Дијаз.

Релативно сум успешен кога станува збор за излегување од пензија“- рече Брејди.

– Искрено… Тоа ми треба – изјави Камерон Дијаз.

Целиот разговор го објави Џејми Фокс на својот Твитер профил.

– Камерон, се надевам дека не си лутa што го снимив ова, но сега нема враќање назад. Морав да го повикам најдобриот на сите времиња (Том Брејди) за да го вратам најдоброто на сите времиња (Камерон Дијаз). „Враќање во акција“, нашиот нов филм на Нетфликс –  напиша Џејми Фокс.

 

Фото:Принтскрин/Шутерсток

To top