„Камерниот оркестар на Битола“ на 4-ти април во Битола во Центарот за култура, а ден потоа, на 5-ти април во Скопје во Македонската опера и балет, ќе оддржи концерт посветен на Јонче Христовски, каде познати имиња од македонската музичка сцена ќе ги отпеат најпознатите и најубави песни од оваа наша позната музичка легенда.
Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски од “Суперхикс”, Агни Авшар… се дел од оние музички имиња кои појавувајќи се на сцената ќе отпеат и донесат дел од музичките незаборавни песни на нашиот Јонче, кој создаде голем број на познати македонски хитови, кои се пееле, се пејат и ќе се пејат уште многу, многу години. Секако, сите овие музички имиња ќе бидат придружени од Камерниот оркестар на Битола.
Не заборавајте!
04.04.2023 – Центар за култура – Битола
05.04.2023 – Македонска Опера и Балет – Скопје
Почеток: 20:00 часот