Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Денес жените го слават 8ми март, а на овој ден добиаат цвеќе или друг вид на подарoк од најблиските.
По повод „Меѓународниот ден на жената“, македонската пејачка Калиопи Букле се обрати со моќна честитка на социјалните мрежи и на жените им го честиташе овој празник.
“Најдраги мои дами, прославувајте го секој ден како да е ваш бидејќи вие сте почетокот и крајот на приказната во него. Направете секој ден да ви биде 8- ми март“, напиша дивата на „Инстаграм“.
Кон честитките се приклучија и нејзините фанови и следбеници.