Радио Милева
сега и таа дојде на ред

Калиопи се соочи со проблем за кој мореше јавно да реагира: „Ова е злоупотреба, не потпаѓајте под влијание на дезинформации“ (фото)

Калиопи се соочи со проблем за кој мореше јавно да реагира: „Ова е злоупотреба, не потпаѓајте под влијание на дезинформации“ (фото)

Лажни и измислени реклами кружат во интернет просторот од кои на корисниците им се препорачуваат разни козметички и медицински капки и креми, а како промотери и корисници на истите се македонски познати ликови.

Ваквите измами не се случуваат од вчера, но овој пат на ред дојдоа познатите пејачки.

Деновиве прва реагираше Каролина Гочева која сугерира да се пријавуваат лажните профили на кои таа наводно рекламира крема за затегнување на лицето.

Употребена беше нејзина фотографија, но таа никогаш ниту користела, ниту пак има договор со некој да ја рекламира истата.

Сега на ред дојде и Калиопи, а нејзиниот лик го злоупотребија за некакви капки за подобрување на слухот.

Таа во својата реакција на Инстаграм вели дека е злоупотребена и дека вакви капки никогаш не користела, ниту пак ги рекламира.

Времето на лаги и измани на социјалните мрежи зема се поголем замав, затоа разумно и со резерва треба да се земат ваквите разни производи кои се нудат секојдневно дури се и како спонзорирани или наметнати објави за да ги видиме.

фото:Instagram printskrin/Karolina Goceva/Kaliopi

Останати вести од Радио Милева