Радио Милева

Калиопи проговори за емотивниот живот: „Јас секогаш сум во љубовен занес“

Калиопи проговори за емотивниот живот: „Јас секогаш сум во љубовен занес“

Македонската пејачка Калиопи Букле и за време на пандемијата и вонредната состојба беше активна, не запираше, па на креативен начин ги забавуваше своите фанови.

Имено, таа многу често се вклучуваше во живо и од својот дом одржуваше мини концерти, а исто така организираше и креативен натпревар „Kaliopi Fan Art“.

Калиопи во интервју за „Гранд магазин“ откри како се чувстува и како ги поминува овие денови.

„Се трудам да останам приземна во ова ненормално време. Се надевам дека кога – тогаш ќе помине и дека ќе можеме да продолжиме со нормалниот живот“, вели пејачката.

фото: Инстаграм

Таа исто така проговори за својот емоитвен живот.

На прашањето дали во изминатиот период имала време за некоја нова песна, нова љубов, пејачката одговори:

„Љубовта секогаш е присутвна кај мене. Музиката ми е најголема љубов. Јас секогаш сум во некој љубовен занес“, вели поп дивата, а на прашањето дали можеби за Белград ја врзува и некоја емотивна врска, Опи вели:

фото: Инстаграм

„Знаете што? Зарем може да биде нешто поголемо од Белград? Кој маж може да биде поважен од Белград?“, одговори Букле.

Таа исто така додаде дека заедно со Ромео Грил работат на новите песни и дека наскоро влегува во студио, па се надева дека до крајот на годината ќе издаде својата нова песна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

To top