Во новата, односно петта сезона на регионално музичко на „Твоето звучи познато“ учествуваат учесници од претходните сезони кои веќе биле дел од музичкото шоу.
Така, во новата сезона учествува и македонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој победи во последната сезона на „ТЛЗП“.
Даниел во претходните неколку емисии се покажа како добро се снајде во своите улоги и ги исполни своите задачи, а во следната емисија ќе има задача да ја имитира Лејди Гага.
Меѓутоа, освен Даниел во „ТЛЗП“ ќе се најде и македонската пејачка Калиопи Букле, но не во улога на имитатор туку во улога на член на жирито.
Имено, таа на своите социјални мрежи сподели фотографија од студиото каде се снима шоуто и заедно со Урош Ѓуриќ и Душан Лагиќ и таа ќе ги оценува кандидатие.
Освен, Калиопи како дел од жирито ќе биде и хрватската пејачка Северина, која на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со колегите, а во описот напиша „Ние не сме анѓели 4“.
За потсетување, ова не е првпат Калиопи да биде дел од музичкото шоу, и претходните години исто така беше дел од жирито.
Инаку, македонската пејачка неодамна ја заврши својата турнеја по Босна и Херцеговина, а наскоро и продолжува со својата турнеја и во Србија.