Радио Милева поддршка

Калиопи доби мало изненадување од Елена Ристеска кое ја остави со подотворена уста: „Се гордеам со тебе“

Калиопи доби мало изненадување од Елена Ристеска кое ја остави со подотворена уста: „Се гордеам со тебе“

Пејачката Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави на пауза, односно моментално е посветена на својата линија „Еra comestics“.

Имено, пејачката пред две години започна нов бизнис, односно лансираше парфем, а од неодамна и гел за туширање.

Пејачката е актвина на социјалните мрежи преку кои често го рекламира својот производ, открива што има ново, ги споделува своите успеси и новитети.

Во јули претходната година, Елена на своите колеги од естрада им испрати подароци односно парфеми, а тие беа воодушевени од она што го добија.

Ваква колешка секој би посакал: Елена Ристеска на колегите им прати подароци (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Деновиве, пак Ристеска одлучи да ја израдува својата колешка, поп дивата Калиопи Букле.

Така, пејачката на пејачката и испрати колекција од својот парфем, а Опи се израдува на изненадувањето, па јавно и се заблагодари.

„Колку прекрасно изненадување од мојата многу драга колешка“, напиша пејачката во „Инстаграм стори“.

фото: инстаграм/калиопи букле

„Ти благодарам тебе мило девојче, ти посакувам успеси. Се гордеам со тебе“, додава Калиопи во друга објава.

Ристеска не остана должна, па и се заблагодари на Букле.

„Мислев дека ќе се видиме, па лично да ти го подарам, ама како тргна годинава не се видовме…Ти благодарам Опи за објавата и за поддршката..Те сакам“, напиша Ристеска.

фото: инстаграм/елена ристеска
To top