Радио Милева

Калиопи Букле покажа уникатен детаљ од нејзиниот дом (фото)

Калиопи Букле покажа уникатен детаљ од нејзиниот дом (фото)

Калиопи Букле важи за еден од најдобрите македонски вокали и една од најдобрите пејачки која ги полни салите во регионот.

Така, во согласност со нејзината професија и нејзините ангажмани, Опи често ги пакува куферите и патува на релација Скопје кон државите од екс Југославија.

Меѓутоа, кога е дома Опи ужива во своето омилено катче и омилен простор во центарот на Скопје и токму тука ги полни батериите кога не е на сцена.

фото: принтскрин/инстаграм/калиопбукле

Бетериите  ги полни и на концертите каде заедно со својата публика и фанови ги пее нејзините хитови во еден глас.

Опи често е активна на социјалните мрежи и ги известува фановите како за професионални, така и за своите приватни активности.

Македонската дива досега неколку пати сподели некои делови од својот дом каде што мебел е претежно во бела нијанса, но исто така посебен шмек дава винтиџ нотата од деталите.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-beli-detali-so-vintidz-nota-vaka-izgleda-vo-domot-na-kaliopi/

Изминатиот викенд Опи го помина во својот дом во Скопје, а на своите следбеници им откри детаљ од домот кој и вие ќе сакате да го имате.

фото: Принтскрин/инстаграм/калиопибукле

Имено, Опи од нејзините најмили и најблиски фанови доби подарок табуретка во вид на куфер, а овој детаљ веднаш го сподели на социјалните мрежи.

фото: принтскрин/инстаграм/калиопибукле

Опи многу се израдува на овој уникатен подарок, а веднаш со него и го најави нејзиниот следен концерт во Сараево.

фото: принтскрин/инстаграм/калиопибукле

За потсетување, Опи ќе има турнеја во Сараево која на крајот ќе ја круниса со концерт во Комбанк Дворана во Белград.

фото: принтскрин/инстаграм

 

To top