Радио Милева ужаснати

„Каква катастрофа на овој студ“, „Го молиме Бога за милост“: Турските ѕвезди во страв и паника по страшниот земјотрес

„Каква катастрофа на овој студ“, „Го молиме Бога за милост“: Турските ѕвезди во страв и паника по страшниот земјотрес

Турција  ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени. Бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и им понудија поддршка на оние на кои им е потребна.

Актерката Седа Бакан, им се обрати на своите следбеници, велејќи:

„Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување“.

Актерот Бурак Озчивит, напиша:

„Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“.

Се огласи и Туба Бујукустун, велејки:

„Турција прогласи состојба на тревога од четврти степен. „Четврти степен“ вклучува и повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака… Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)


„Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир.

На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elçin Sangu (@elcinsangu)

„Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката.

„Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката.

фото:Инстаграм

To top