Регионалните медиуми, особено порталите постојано се полни со децата на познатите. Најмногу со нивните убави женски наследнички. Ќерките на најголемите балкански ѕвезди се секојдневно во фокусот на вниманието… Анастасија-ќерката на Цеца, Луна – ќерката на Анабела, Хелена – ќерката на Топалко, Мина – ќерката на Жељко Јоксимовиќ… Нема ден, со нив и нивниот живот, изглед, имиџ, однесување… да не им се полни устите, (читај редовите) на најчитаните и најтиражни електронски, па и печатени изданија во соседството.
Арно ама, ретко кој од нас знае какви деца имаат нашите музички ѕвезди.
Таа е постара ќерка на Сашо Каимовски, во светот на естрадата попознат под прекарот Панки. Соло изведувач и пејач на дуото „Куку леле“.
И ако ја погледнете и споредите со ќерките на споменатите, од Анабела до Цеца, веднаш ќе ви стане јасно дека тие за неа се „мали деца“! Зашто Јана е толку убава, дури многу поубава и од споменатите ќерки и од нивните мајки и во однос на нив е убавица од најубавите бајки!
Јана Каимовска е тинејџерка, која има 19 години.
Таа е поголемата ќерка на Панки, кој уште ја има и помалата Каја.
И обете вистински убавици, особено поголемата, на која ќерките на регионалните ѕвезди колку и да се во мода, можат само „да и носат вода“!