Радио Милева
Господе што ти згрешивме вака да не казнуваш ?

Каков премиер, таков претседател: „Љубави, те поздрави Зоки“! (ВИДЕО)

Каков премиер, таков претседател: „Љубави, те поздрави Зоки“! (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски на самитот во Сарaево имаше неформална средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Кога Пендаровски влезе во салата, Борисов веќе беше таму со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Откако премиерот на Бугарија го забележа Пендаровски му довикна „елај си при нас“, а пак нашиот претседател задоволен што го викнале во друштвото, му се обрати со зборовите:  „Љубави, те поздрави Зоки“!

Пендаровски потоа се запозна и со српската премиерка, која откако љубезно му се претстави и подаде рака, веќе во следниот момент културно и дипломатски го „отфикари“ од дружбата, па додека со Борисов гледаа некакво видео на мобилниот, нашиот Стево, како дете кога во градинка  не го играат другарчињата, седеше отстрана не знаејќи што да прави!

На социјалните мрежи нова ерупција од реакции и хумор. Наголемо се споделува видеото од средбата на Пендаровски и Борисов, при тоа корисниците терајќи си мајтап со најновиот гаф на челниците на државава.

Останати вести од Радио Милева