Радио Милева
одново во севдах

Каков „фраер“ Селма има: Пејачката во љубов со популарниот манекен (ФОТО)

Каков „фраер“ Селма има: Пејачката во љубов со популарниот манекен (ФОТО)

Пејачката Селма Бајрами е повторно емотивно исполнета. Таа е во емоционална врска со момчето кое се појавува во видеото за нејзината нова песна.

Станува збор за манекенот Звездан Арсениќ, која во моментов е многу баран и популарен, особено кај поубавиот пол.

Како што пишуваат босанските медиуми, пејачката веќе извесно време ја криела врската со момчето од Бања Лука, а потоа ја обелоденила кога јавно ја објавила фотографијата на која тие се бакнуваат.

Инаку, манекенот е бившо момче на бањалучанката Тамара Јанковиќ – актуелната девојка ( како што тврдат медиумите), односно само пријателка (како што тврди тој) на пејачот Слоба Радовановиќ, екс сопругот на победничката на „Задруга“ Која Коцкар.

Селма зад себе има веќе еден брак кој не заврши славно. Нејзиниот поранешен сопруг, Мујо Мусиќ, не сакаше да и даде развод  неколку години, а сакаше и да и го земе синот Дарис, но, на крајот тие сепак се  разведоа и се договорија заеднички да се грижат за нивното дете.

Останати вести од Радио Милева