Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни.
Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.
Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја извеува Тања, во која нема жена која нема да се пронајде.
„Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања.
Втората песна е „Љубов ни е име“, и е песна која е завршена во Австралија и стоела во фиока, чекајќи го моментот да ја здогледа виделината на денот и допре до слушателите.
„Песната е олицетворение на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак, рече Новица“.
„Песната е турбо, а за нас кај што има музика, таму нозете се мрдаат, таму се игра. Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“ порача Тања.
Спотовите се снимени на неколку локации во Охрид во продукција на „ИН ТВ“ . Автори на „Жена хероина се Борче Димитров, кој ја направи музиката, текстот е на Орце Зафировски, а снимена е во струдиото на Горан Милошевски, кој го направи аранжманот.
Автори на „Љубов ни е име“ се на Сејхан Мемедов Секо, кој ја направи музиката, додека Горан Тодоровски, ги напишал стиховите.