Софија Милошевиќ е една од најубавите и најпопуларните српски манекенки, која во текот на кариерата беше мета на негативни коментари поради пластичните операции.
Атрактивната манекенка Софија Милошевиќ последните месеци е во центарот на вниманието на тамошните медиуми поради совршената фигура која ја врати за кратко време по вториот пораѓај. Медиуми пишуваат се најдобро за сопругата на Лука Јовиќ со која има два сина, што не би можело да се каже за социјалните мрежи. На една страница на Инстаграм се појави стара слика од српската манекенка, во тинејџерските години кога правела ревии и едиторијали, каде косата и е потемна, шминката не е како онаа што ја носи денес, а усните и се многу потенки.
Следбениците во коментарите се запрашаа „дали е ова воопшто Софија Милошевиќ“, но и „како успеа да ги зголеми очите“. Исто така, некои „експерти“ изјавија дека, судејќи по сликите, може да се заклучи „дека и ги средила носот, усните, очните капаци и брадата“, а своевремено манекенката го кажа следново за овие наводи: „Интересно ми е кога луѓето масовно ме прашуваат кај кој доктор сум ги стегнала очите, што е целосно апсурдно. Имам малку коси очи, а всушност сум многу асиметрична и ја знам мојата добра страна“, вели Софија. „Секој има свој добар агол и мојата работа е да се фотографирам добро. Многу ми е смешно кога ќе објават стара фотографија од моја ревија на која не се препознавам. Нормално е дека сите сме помалку убави во пубертетот отколку подоцна“.
Ова е сликата за која сите зборуваат:
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Твое лице звучи познато