Пејачите или пејачките поради нивната професија најчесто во ноќните лубови остануваат до зори за да ја забавуваат публиката која дошла да ги слуша. Но, понекогаш и личностите од јавната сцена знаат да си дозволат да се забавуваат.
Така македонските пејачки Адријана Кеш, Татјана Лазаревска и Сања Сани Гроздановска се опуштија и забавуваа како тинејџерки во еден скопски ноќен клуб, а на социјалните мрежи се пофалија како си поминуваат, но и како изгледаат.
За ноќна шема, сите три одбраа црни комбинации. Адријана и Сани одбраа крати фустначиња со длабоко деколте, додека пак Лазаревска се одлучи за црна комбинација со сребрени чизми.
„Многу љубов на една слика“, напиша Адријана во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.
фото: Фејсбук