Новогодишните и божиќните празници се добар повод и причина за семејни прослави и радости. Возрасните слават со блиските, со другарите, пријателите, колегите… Ама, се чини нема толку голема радост како онаа, кога ваквите празници ќе ги прославите во кругот на семејството, особено во прегратките на своите деца.
Тој на свет дојде годинава и ова е неговата прва прослава на Божиќ и Нова година. Затоа се му е некако чудно, необично, светкаво, блескаво, разиграно, весело… како одненадеж да се нашол во земјата на чудата.
Облечен во божиќни шпилхозни налик на мини дедомразовски костим, со божиќна капа на главата, малиот Тиан зрачи од убавина. Со својот невин и зачуден бебешки поглед со крупните небесно сини очи и заоблените обравчиња, тој е најслаткото македонско божиќно бебе на светот!
Да, да… божиќно, зашто нему најголемиот христијански празник веќе му пристигна, а Тиан возбудено го дочека. Тој е наше, македонско бебе, кое во моментов со своите родители живее надвор од Македонија, на далечниот Нов Зеланд. Останува уште да ја дочека својата прва Нова година, па онака сладок и насмеан, повторно да дојде дома, во земјата на своето потекло – Македонија!
Ах, да… за сите оние што не знаат, Тиан е малото синче на нашата некогашна водителка Хелена Роза и внуче на тета Ребека, познатата македонска поп пејачка, но и на баба Роза, некогашна ТВ новинарка и уредничка во образовната програма на МРТВ и секако, помалото братче на дада Кјара!