Лето, годишен одмор, особено ако е накеде на море, а го минуваш со саканата личност… Нема подобро место и време за споделување на емоциите, чувствата и… интимата!
А кога ќе дојде плимата и ќе те обземе наплив на емоции и страсти, оди па исконтролирај ги да те видам. А кога си надвор од контрола – не си свој(а)! Па задоволството лесно може да се претвори во… брука!
Еве неколку примери, како:
„Бал“ на вода
Првово видео најверојатно е снимено некаде во Грција или Црна Гора… на море! Во позадина се слушаат гласови на српски јазик, а Србите се најчести гости токму на овие две летни дестинации.
Твитерџиите коментираат дека оддамна немало вака „жешка забава на вода“ на јавно место. Понежниот пол пак, разочарано приговара: „Не е баш забавно… Тој си лежи, а таа сирота мора да се потруди за „среќен крај“!
Alo ljudi kshshjakaksgshjsjs pic.twitter.com/1ecgqtTT5v
— dj0lo (@dj0lo) July 14, 2019
Љубовна тераса
Видеото подоле кое што ќе го гледате е направено во јужниот дел на Албанија, поточно во Саранда, каде се гледа како млад пар води љубов среде бел ден на терасата од изнајмен апартман.
Ваквата несакана сцена ги вознемирила граѓаните на градот, туристите и случајните минувачи, кои го пријавиле настанот во полиција, бидејќи наоколу се шетале и деца, кои би можеле да бидат сведоци на еден ваков невкусен призор.
Инаку, како што пренесуваат тамошните локални портали, станот бил изнајмен на двојка од Македонија, кои летниот одмор го поминувале на брегот на Јонското море. Погледнете го „љубовниот танц на тераса“, за да не биде дека само Србите се мајстори за… „бал на вода“!
„Подмачкана“ ќерка
Млада љубовна двојка пак, доживеала незапамтен срам, кога им испратиле фотографии од летниот одмор на родителите на девојката. Сакајќи да се пофали меѓудругото и со смештајот, демек каква убава соба нашле за мали пари, девојката и ја испратила фотографијата на мајка и, која пак му ја покажала и на својот сопруг – таткото на девојката!
Човекот имал остро око, а веројатно и богато искуство, па веднаш меѓу многуте шишенца козметика, забележал и нешто друго.
„Татко ти вели дека собата ви е прекрасна… пространа и има многу место за разни нешта. Особено за тубата со лубрикант пред огледалото“!
А, ќерката останала, ем „подмачкана“ ем… засрамена!