Младата и успешна пејачка Антониа Гиговска откако ја обелодени љубовната врска со 10 години постариот колега, пејачот Иван Јованов, се почесто чувствува потреба и пред јавноста да покаже колку силна љубовна бура има во себе кон момчето.
Неодамна му направи изненадување со тоа што патуваа во Италија да гледаат фудбалски натпревар на неговиот омилен клуб, а сега, повторно јавно, љубовните ветришта задуваа посилно, па Антониа поетски ги искажа љубовните чувства кон Иван пишувајќи вака:
„Се сеќавам дека беше многу одамна. Имаше искри помеѓу нас во тоа време, но само на далечина. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека двајцата сме тотално исти, не само поради она за кое што и двајцата мечтаеме (музиката) туку и поради нашите сродни души. Нема вистинска прилика за ова, само го чувствувам тоа секој ден… Како првиот ден… Те сакам!“
Следбениците кои Антониа ги има на Инстаграм, веднаш коментираа дека тоа што му го изјави на саканиот е многу убаво, инспиративно и слатко, а други пак во неа препознаа и талент за пишување.