Бојана Родиќ, сестрата на Богдана Ражнатовиќ и Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, неодамна објавија дека нивното семејство ќе порасне за уште еден член, а љубовта ќе ја крунисаат со брак.
Идните младенци се многу возбудени поради претстојната прослава за која се пишува веќе со недели во српските медиуми, а подготовките за венчавката се во тек.
Како и секоја идна невеста, така и Бојана најмногу се занимава со тоа како ќе изгледа на нејзиниот најважен ден во животот, па со сестрите и пријателките отишла да избере совршена венчаница, а ја сподели со своите следбеници на „ Инстаграм“.
Во еден салон во Крагуевац, Бојана пронашла венчаница само за неа.
Таа одбрала фустан во стилот на принцезата од кој судејќи по фотографијата, сите нејзини пријатели биле воодушевени. По успешниот шопинг, девојките наздравија за претстојната свадба која сите со нетрпение ја очекуваат.
фото:Инстаграм