Рокерот Милиќ Вукашиновиќ по операција на аневризма на ногата, повторно заврши во болница, овојпат на Одделението за општа интензивна нега поради проблеми со дишењето.
Вукашиновиќ се јавил од болница и се пожалил дека не му е добро и не може да дише.
– Имам проблем со дишењето, како пред смрт. Порано имав огромна маска за кислород, а сега имам помала. Сè уште сум на клиника и тројца лекари се грижат за мене – изјави рокерот за Курир.рс
Неговата сопруга Сузана побара помош на социјална мрежа. Има ли доктор кој работи во Ургентно (Општа интензивна нега) да ми се јави итно. Итно е за Милим Р.Т.“, напиша Сузана.
Militch
Ima li neki doktor koji radi na Urgentnom (Opšta intenzivna nega) da mi se hitno javi.
Milim RT hitno je.— Suzana Vukašinović (@VukasinovicSu) August 21, 2023
Да потсетиме, Милиќ Вукашиновиќ (73) неодамна беше примен во Ургентниот центар, кога по ултразвук беше утврдено дека итно му е потребна операција на аневризма на ногата.
– Многу тешка операција, траеше два часа, ми ја сменија вената на левата нога, беше комплицирано. Ми го отсекоа целото бедро за да ја отстранат петкратно зголемената аневризма и ми вградија вештачка вена. Кога ќе пукне аневризма, умираш за две минути, а јас бев во опасност да ми ја ампутираат ногата, среќа ми го спасија животот. Пријателите ми ги обезбедија најдобрите лекари – започна Милиќ Вукашиновиќ, кој тогаш за „Блиц.рс“ изјави кога почнаа болките.
Фото: Принтскрин/Рингиер/Рас Србја