Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ е во одлични односи со својата идна снаа Богдана Родиќ, а сега се пофали на социјалните мрежи како Богдана се грижи за неа.
Цеца покажа дека вечерта ја ужива со слатка гозба приготвена од вредните раце на снаата која подготвила палачинки кои ги сервирала за свекрвата да не мора ни рака да подаде.
-Како ме чува снаата…-пишува Цеца во опсиот на фотографијата.
Инаку, свршеницата на Вељко уште откако го доби ппрстенот и беше запросена, таа се пресели во вилата на Ражнатовиќ.
Тие се подготвуваат за големата свадба на која ќе има 500 гости, а по свечената церемонија Вељко и Богдана ќе продолжат да живеат во вилата, па снаата и свекрвата допрва ќе имаат време да си угодуваат и да се докажуваат една на друга.