Радио Милева
љубов на прв поглед

Како мачката на Лила, нема ниту една друга: Таа обожава, тој ниту за жива глава не сака да се слика! (ФОТО+ВИДЕО))

Како мачката на Лила, нема ниту една друга: Таа обожава, тој ниту за жива глава не сака да се слика! (ФОТО+ВИДЕО))

Лила Филиповска е голем љубител на животните. Особено на домашните, што многупати и го докажала.

Таа однеодамна има домашно милениче. Мачка или поточно мачор, кого го крстила Рагнар. Нивната љубов има своја приказна ,ама нејзе ќе можете да ја слушнете подолу во видеото.

Едно е сигурно, толку е приврзана за него што „мацолот“ си го носи дури на себе, секогаш кога може… Како летоска, во вид на печатена апликација на костимот за капење, на пример!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/upssss-mislam-deka-na-lila-i-go-vidov-macolot-vsushnost-site-i-go-vidoa-foto-video/

Лила бескрајно го пази, гали, добро го чува… а Рагнар и возвраќа… Со многу љубов и понекоја белја, по дома. Љубовта можеби им е взаемна, ама затоа карактерите им се целосно различни!

Водителкатакако што е познато што од што мора – заради природата на професијата, што од што сака- заради природата на карактерот е „умрена“ по снимање и фотографирање! Видеа и фотографии на социјалните мрежи – катаден! Лила не се симнува од Фејсбук и особено Инстаграм. До душа и тоа нешто има свое зошто, ама тоа е друга матемика!


Рагнар пак, не сака објектив ни да помириса, камера ниту да види… Ни онаа на мобилниот, а камо ли вистинска. Арно ама кога домаќинката треба да го покаже во јавноста, сакал, несакал – мора!

А Лила наместо себе си, му купила нему костим за „Ноќта на вештерките“, па Рагнар сега е вистински „ѓавол“ за „Halloween“!

Инаку Рагнар е „луд“ по мачки… Особено ако се добри. Штом подадат глава, а тој ги забележи, како „ќумбе се пали“, па веднаш скока…  Оди задржи го да те видам!

Таа подготвена за „кетвок“ (catwalk),  тој спремен за „кет скок“!

А и многу е чист. Слушнал дека хигиената е половина здравје, особено после целосно задоволство, па откако ќе „омрси мустаќ“, веднаш оди на миење. Бидејќи Лила понекогаш ја мрзи или нема време да му помогне, Рагнар сам си најде варијанта. На домаќинката е само да внимава, по грешка да не пушти центрифуга!

Шегата на страна, погледнете во видеото како се случи „љубовта на прв поглед“ помеѓу Лила и нејзиниот мачор:

Останати вести од Радио Милева