Радио Милева
живот после ријалити

Kако изгледаaт животите на учесничките во првите сезони на „Задруга“: Една се смири со насилникот, други продаваат голи фотографии на Интернет, трета нема ниту за леб…! (ФОТО)

Kако изгледаaт животите на учесничките во првите сезони на „Задруга“: Една се смири со насилникот, други продаваат голи фотографии на Интернет, трета нема ниту за леб…! (ФОТО)

Некои учеснички во првите две сезони на „Задруга“ за кои многу се зборуваше, многумина ги заборавија, додека има и такви кои постојано се во центарот на вниманието и фокусот на јавноста. Веројатно не се ни сеќавате на некои дами кои учествуваа во ова реално шоу, а нивните животи денес не можат да бидат поразлични.

Босанската старлета  Сенада Нуркиќ, позната како Маца – Дискреција учествуваше во првата сезона, а потоа се прераскажуваа нејзините слободни испади. Долго време се шпекулираше дека  се занимава со најстариот занает, а во неколку наврати и самата јавно изјави дека наплатува за гледање на нејзините голи фотографии и снимки на една популарна интернет страница за еротска содржина.

Пејачката Теодора Џехверовиќ го направи најголемиот успех од учесничките на првата сезона на „Задруга“, по учеството во ова ријалити. Во последните неколку години таа настапува нон стоп во Србија, регионот, но и земјите од Европа. Таа често е во фокусот на јавноста заради нејзината врска со кошаркарот Нино Челебиќ.

Некогашната поп ѕвезда Беби Дол не остана долго во ова шоу, а во последно време немаме ниту можност да ја гледаме често во јавноста. Последните години таа се најде на насловните страници на печатените медиуми и порталите, најмногу поради лошата финансиска состојба и немањето пари за плаќање на киријата за станот, а упатените велат дека Беби Дол се довела во ситуација да нема ниту за леб.

Старлетата и порно глумица со македонско потекло, Анѓела Митковски, попозната по прекарот Анѓела – „Вештица“, како и гореспоменатата Маца – Дискреција наплатува за гледање на нејзините голи фотографии и еротски клипови на нејзината страница со еротска содржина, а нејзините пшорно филмови од младоста се’ уште кружат по Интернет. Во реалното шоу, „Задруга“ беше забележана по кавгите со своите конкурентки и агресивното однесување.

Надежда Биљиќ е чест гостин во различни сезони на „Задруга“, а за неа најмногу се зборува поради турбулентниот однос со Тома Паниќ, кој ја претепа, а потоа таа му прости, за да можат да имаат  дете, синот Лонг, кој имаше здравствени проблеми по раѓањето. Пред камерите на ова ријалити, таа имаше интимен однос со Мики Ѓуришиќ во кокошарникот на Велигден, сцена што се раскажува и ден – денес.

Останати вести од Радио Милева