Роуан Аткинскин кого јавноста го засака преку ликот на Мистер Бин, на сетот на снимањето на новата серија се појави со значително поинаков изглед од оној на кој јавноста се сеќаваше од порано.
Најмногу внимание привлече неговата долга, седа коса која потполно му го промени изгледот.
Имаше и бордо карирана кошула како и сиви панталони кои изгледаа како да прикажуваат монотонија.
Познатиот актер ќе игра во комедија во која ќе се најде во војна со пчела додека престојува во луксузен замок. Имено, Аткинсон се врати во овој жанр, иако изјави дека нема да се врати на улогата на Бин, која е сега многу исцрпувачка за него, иако му даде голема популарност.
Инаку, серијата во која ќе глуми ја создаде заедно со Вил Дејвисон и ќе трае по 10 минути.
фото: профимедиа