Македонската џебна венера иако нема манекенски пропорции, сепак со години важи за една од насексапилните, најубавите и најпривлечни девојки меѓу јавните личности во Македонија. Гените не се играчка, па убавината мора да ја наследиш од некого.
Дека не попусто рекле “крушката под крушка паѓа“, доказ е мајка и на Ноне. Кога ќе ги погледнете г-ѓа Мимоза и нејзината ќерка, изгледаат како да се сестри… а не се!
Со младешки лик како и нејзината популарна наследничка, Мимоза Неделковска изгледа барем 10, ако не и повеќе годинио од возраста што ја има. Ама како дамите за годините ниту се прашуваат, ниту нивната возраст е открива, останува само да погодувате на колку години тоа Мимоза ја донела Ноне на овој свет.
Но, не само сличноста во физичкиот изглед Ноне од мама ја наследила. Тие имаат уште многу заеднички особини, мноштво заеднички допирни точки, мноштво сличности, како на пример љубовта кон домашните миленичиња, или апетитот кон слатки на пример…
Воедно мама Мимоза е и најголемиот поддржувач на „најпрошетаната велешанка“, па така кога Ноне беше уште дел од регионалното талент музичко шоу „Идол“ во Белград, каде го освои вицешампиоското второ место, Мимоза редовно на секоја емисија и беше најверната поддршка! И тогаш и сега, секогаш кога можат, мајката и ќерката се неразделни.
Како најдобри другарки! Низ чаршија, на кафе, на прослави, празници… Ноне и мама Миомоза една без друга никаде не одат! Освен кога Ноне е отсутна од дома, а г-ѓа Мимоза е зафатена со работа со клиенти во своето козметичко студио во Велес.